Хавиер Милеи убедливо победи на изборите во Аргентина: „Ова е пресвртница“

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи изјави дека големата победа на неговата партија на вчерашните избори претставува историска пресвртница и најави дека ќе продолжи со спроведување на длабоки економски реформи.

„Денес минуваме низ точка на пресврт,“ изјави Милеи по објавувањето на резултатите, нагласувајќи дека граѓаните испратиле јасна порака — дека сакаат неповратно да го сменат правецот по кој се движи второто најголемо економско стопанство во Јужна Америка.

Тој ги повика гувернерите на аргентинските покраини на разговор за постигнување парламентарни договори, додавајќи дека десетици сенатори и пратеници од други партии можат да се приклучат кон неговата администрација.

Поддршка за реформите и мерките за штедење

Резултатите покажуваат дека гласачите му дале силна поддршка на неговиот курс кон слободен пазар и мерките за фискална дисциплина, што му обезбедува моќен поттик да продолжи со економските промени.

Крај на ерата на перонистите?

Партијата на Милеј, La Libertad Avanza, освоила 41,5% од гласовите во покраината Буенос Аирес, додека перонистичката коалиција добила 40,8%, покажуваат официјалните резултати.

Буенос Аирес со децении беше тврдо упориште на перонизмот, па овие избори се гледаат како драматична политичка промена во земјата.

На национално ниво, La Libertad Avanza освои 64 пратенички места, во споредба со 37 за перонистите, според податоците на владата.

Зачлени се на нашиот е-билтен