„Отворен Балкан“ е многу позитивен“, изјавил американскиот амбасадор Кристофер Хил за Радио телевизија на Србија.
-Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција, истакнал Хил и дополнил дека САД го поддржуваат „Отворен Балкан“ како и другите интегративни проекти во регионот.
Земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, оценил Хил и нагласил дека „Отворен Балкан“ ја поттикнува целосната економска интеграција наспроти политичките предизвици од „наследените проблеми и недоверба“.