Анкетата која вчера беше објена на МТВ, со фокус на Изборната единица 5, покажува дека во Битола и Охрид, Европскиот фронт би освоил еден пратеник повеќе од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, оваа анкета е изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според објавените резултати за петтата изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 19,8 отсто од гласачите, за СДСМ 13,6 отсто, за ДУИ 6,1 отсто, за коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците – 2,8 отсто, за Левица се изјасниле 2,9 отсто и за ЗНАМ – 2 отсто.
Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 9 пратеници, СДСМ 6, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 1, исто колку и Левица.
Тоа значи дека Европскиот блок, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 10 мандати од петтата изборна единица, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ.