Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И Франција го поддржува Руте за нов генерален секретар на НАТО

 И Франција го поддржува именувањето на холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО, јавија денеска британските меидуми, повикувајќи се на неименуван висок француски функционер. 

Функционерот, кој сакаше да остане анонимен, кажа дека францускиот претседател Емануел Макрон во минатото бил поддржувач на Руте, пренесуваат британските меидуми.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека го поддржува Руте да го наследи Јенс Столтенберг како следен генерален секретар на Алијансата.

Претходно, неименуван американски функционер потврди за Политико дека американскиот претседател Џозеф Бајден го поддржува холандскиот премиер да стане следниот генерален секретар. 

Бриселскиот портал вчера објави дека две третини од земјите на НАТО ја поддржуваат номинацијата на Руте да го преземе раководството на Алијансата подоцна оваа година. 

Мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ја извршуваше функцијата од 2014 година, завршува во октомври. 

Зачлени се на нашиот е-билтен