Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро – погодете кој ги предизвикува инцидентите меѓу Бугарија и Македонија!

Христијан Пендиков како „бранител“ на македонското име во 2018

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не знам што повеќе шокира – леснотијата со која вмровците се впуштаат во операции за предизвикување насилство, страв и поделби во општеството или инфантилноста што ја манифестираат, мислејќи дека не се веќе одамна прочитани.

Насилниот инцидент во Охрид, во кој настрада активист со бугарско „самочувствие“, по којзне кој пат, ја открива „доктрината“ на вмровците – редовно да посегнуваат по насилството како средство за политичка „комуникација“. Што, всушност, се случи?

И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро. Јадат ќотек, ако треба и од своите, само за да наштетат на процесите. Важно е да се врти парата, би рекле некои.

Потврдено и со фотографии, тепаниот „бугарски активист“, Христијан Пендиков, всушност, е истакнат член и активист на вмровската Унија на младите сили. Меѓу другото, тој на социјалните мрежи има напишано и „не дај боже да имам бугарски пасош“, учествува во насилни протести, меѓу другите и против Преспанскиот процес и за поддршка на напаѓачите од Крвавиот четврток (27 април). Со гордост објавува и фотографии со првите вмровци, Мицкоски и Николоски.

И тепачите се вмровци. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на вмровскиот градоначалник на Охрид, Пецаков.

Ако се погледнат инцидентите во минатото, помали, но и многу поголеми, не е тешко да се погоди кој ги предизвикува инцидентите меѓу Бугарија и Македонија. Сите опструкции, протести, насилства, говор на омраза, негирање и медиумски манипулации поврзани со процесите на подобрување на односите на нашата земја со соседните држави потекнуваат од едно место – Белата Палата.

Практично, реторички се прашањата поврзани со креирањето и дистрибуцијата на говорот на омразата и дезинформациите поврзани со Бугарија. Одговорите се повеќе од очигледни.

Главниот извор, матицата од која произлегуваат сите провокации од македонско тло против Бугарија е токму ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Тоа барем не е тешко да се установи.

Веројатно, освен јавноста која ги поставува прашањата, со ова треба да се занимаваат и институциите. Зошто? Затоа што, ако се утврди постоење на групи за ширење омраза и предизвикување насилни инциденти, тогаш сè станува далеку посериозно.

Се работи за долгогодишна „наивна“ омраза против Бугарија и Бугарите што ја шири токму партијата во чии редови има не мал број функционери со бугарско „самочувствие“ (и пасош). Неодамнешниот инцидент во Охрид е само еден од многуте.

Овие „специјални операции“ против Бугарија не се наивни. Како што не беа наивни ниту во времето на Преспанскиот процес и други важни настани и клучни процеси за нашата земја. Оттаму, загрижува отсуството дури и на дебата, камоли институционална и медиумска реакција, на грубиот атак против македонските национални интереси. Сè што прават вмровците поминува некако незабележано, за неказнето и да не говориме.

Извор: CivilMedia

Треба да знаете
Moже да ве интересира