Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИМА со промоција на публикација и панел дискусија за медиумското известување за уставните измени

Институтот за медиуми и аналитика ИМА утре (четврток 28.09.2023) во Скопје ќе ја промовира публикацијата: „Уставните измени во медиумите: Дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“

Публикацијата донесува авторски анализи, во кои истакнати истражувачи со повеќегодишно искуство во медиумите и во професионалните медиумски организации изнесуваат наоди, примери, ставови и мислења за известувањето на медиумите, дезинформациите, медиумските манипулации и говорот на омраза поврзани со предложените уставни измени, кои се услов за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.

Во рамки на настанот ќе се одржи и панел – дискусија, на која ќе говорат авторите д-р Сефер Тахири, Зоран Бојаровски, Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини, кој е и модератор на настанот. По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на настанот.

Публикацијата е дел од активностите на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, поддржани од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy) од Брисел, и е придонес за остварување на заложбите на ИМА за унапредување на слободата на медиумите, справување со дезинформациите и говорот на омраза, развој на критичкото мислење и дебата, и потрагата по решенија за справување со овие важни предизвици.

Зачлени се на нашиот е-билтен