На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во Венеција, кој се случил кога капетанот поради дефект врз фериботот ја изгубил контролата и прегазил неколку гондоли, предизвикувајќи туристите да завршат во морето, пред да се забие во зграда.
Спасувачите брзо ги извлекле туристите од водата, вкупно деветмина кои се здобиле со полесни повреди. Во времето на инцидентот, додека се одвивала хаодичната сцена која се случила во неделата, минувачи реагирале вознемирено.
Според локалните медиуми, фериботот Алилагуна се расипал пред да стигне до мостот Риалто и капетанот не можел да ја смени брзината.
Motoscafo impazzito a #Venezia
— 📷 DivErSⒶMeNtE 📷 (@Diversa_Mente) February 9, 2026
Affondate due gondole. Diversi turisti in acqua. pic.twitter.com/j0bzDsj4yh
Капетанот се обидувал да маневрира за да ги избегне околните чамци и гондоли, а откако фериботот удрил во зградата, набрзо пристигнале два полициски чамци и го следеле цело време.
Водното такси, кое било надвор од контрола, поминало под капијата Риалто, се изгребал од мостот, пред да се удри во пристаништето Фондако деи Тедески.
Потоа удрил во една гондола, а потоа и во друга што превезувала туристи, соборувајќи ги нив и гондолиерот во водата. Само неколку моменти подоцна, се забил во зграда на Рио дел Посте и на крајот застанал.
Според локалните извештаи, девет лица биле извлечени од водата и им биле укажани лекарски третман за модринки и рани знаци на хипотермија. Локалната италијанска полиција соопшти дека го истражува инцидентот.