– Индија и САД се согласија да ги зајакнат трговските врски и да ја продлабочат соработката во области како што се клучните минерали, изјави денеска претставничката на американската трговска политика Кетрин Тај.
Индискиот министер за трговија Пијуш Гојал и Тај одржаа годишни разговори за трговската политика во Њу Делхи.
Тaј е во тридневна посета на Индија.
Двете земји се залагаат за подобрување на билатералните трговски перспективи, надминувајќи ги дипломатските тензии откако Вашингтон кон крајот на минатата година тврдеше дека индиски функционер имал врски со осуетен заговор за убиство на сепаратистички водач на Сиките на американска територија.
Индија соопшти дека секоја таква акција е против владината политика и започна истрага за наводите.
За време на разговорите меѓу Тај и Гојал, Индија го покажа својот интерес за билатерално партнерство во клучните минерали.
Индија, исто така, побара од САД да ја олеснат визната политика за индиските бизнисмени и побара од Вашингтон да го врати бесцаринскиот пристап до одредени стоки според таканаречениот систем на преференции, се вели во заедничката изјава по состанокот.