Индија воведува нови и построги мерки со цел справување на големото загадување на воздухот во Њу Делхи, кој според статистиките е најзагаден град на светот.
Според швајцарската организација „IQAir“ Њу Делхи е најзагаден град во светот со идекс на загаденост од 424, а со новите мерки се воведува забрана за градежни работи и се испраќа апел до граѓаните да избегнуваат горење јаглен.
Покрај забраните, мерките подразбираат и проактивно прскање со вода со средства за спречување создавање прашина на патиштата, како и механичко чистење на улиците со цел да се намали количината на прашина.
Освен тоа, сите основни училишта преминуваат на оналјн настава, откако министерството за образование нареди затворање на училиштата во Њу Делхи.