Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Индиската морнарица го зазеде бродот „Руен“ од сомалиските пирати и спаси 17 членови на екипажот

Индиските поморски сили, вклучително и специјални командоси, заробија товарен брод киднапиран од сомалиски пирати, спасувајќи 17 членови на екипажот, изјави портпаролот на морнарицата.

Индиската морнарица на социјалната мрежа „Икс“ објави дека сите 35 пирати на бродот  „Руен“ со знаме на Малта се предале и дека било проверено дали во бродот има нелегално оружје, муниција и шверцувана стока.

Бродот „Руан“ беше киднапиран минатата година, а морнарицата соопшти дека го пресретнала вчера.

Бродот можеби се користел како база за запленување на товарен брод под знамето на Бангладеш во близина на брегот на Сомалија претходно оваа недела, соопштија морнариците на Европската унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен