Инфлуенсерот на Трамп – Чарли Керк е мртов

Претседателот Доналд Трамп објави на Truth Social дека конзервативниот активист и медиумска личност Чарли Керк починал по ранување за време на настан на Универзитетот Јута Вели (UVU) во Орем. „The Great, and even Legendary, Charlie Kirk, is dead… Melania and my Sympathies go out to his beautiful wife Erika,“ напиша Трамп, соопштение што го пренесоа повеќе медиуми.

Керк (31), коосновач на Turning Point USA и близок политички сојузник на Трамп, беше застрелан додека говореше пред студенти на отворено, при што публика панично се разбега. Видео од настанот покажува удар кон вратот/главата и негов пад, по што беше пренесен во болница. Претходните извештаи наведуваа „критична состојба“.

Околностите околу осомничениот беа нејасни со часови: UVU најпрво соопшти дека има приведен, но полицијата во Орем – Јута, подоцна кажа дека осомничен сѐ уште не е во притвор; медиумите објавија контрадикторни информации за можно апсење. Универзитетот наведе дека бил испукан „еден куршум“.

Во првичните извештаи дел од медиумите наведоа и дека истрелот дошол од околна зграда и дека е приведен постар маж, но без конечна потврда од истрагата.

Керк изминативе години беше една од клучните фигури во мобилизацијата на млади конзервативни гласачи и често беше посочуван од Трамп како важен фактор за неговите изборни добивки кај младите. Настанот во Орем беше првата станица од неговата „American Comeback Tour“ по кампуси низ САД.

Федерални агенти од ФБИ и АТФ се вклучени во истрагата; политичарите од двете партии ја осудија насилната епизода и изразија сочувство.

Зачлени се на нашиот е-билтен