Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иран егзекутира двајца мажи осудени за убиство на полицаец

Иранските власти егзекутираа двајца мажи осудени за убиство на полицаец во провинцијата Исфахан.

Службеникот на судот во Исфахан, Месуд Месудифер, рече дека двајца мажи, Каиди Несеб и Мухамеди Берам, биле прогласени за виновни за убиство на полицаецот Ехсан Насири во областа Лењан во Исфахан во ноември 2021 година.

Тој рече дека осудените и претходно и биле познати на полицијата за кражби и нарушување на јавниот ред и мир.

Институтот за човекови права (ИЧП) во извештајот наведува дека минатата година Иран го зголемил бројот на егзекуции за 75 отсто во споредба со претходната година.

ИЧП и париската организација „Заедно против смртната казна“ проценуваат дека во 2022 година во Иран биле извршени 582 егзекуции, што е најголем број од 2015 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен