Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италија испрати повеќе од 15 тони хуманитарна помош за Газа

Повеќе од 15 тони хуманитарна помош достави авион на италијанското воено воздухопловство до населението на Појасот Газа, соопштија од италијанското министерство за одбрана.

Хуманитарната помош полета од италијанскиот град Пиза со авион C-130J Super Hercules денес, а багажот бил собран од добротворната група „Confederazione Nazionale delle Misericordie d’Italia“.

-Италија прави и ќе продолжи да прави се што е можно за да ги ублажи страдањата на цивилното население во Газа, рече министерот за одбрана Гидо Крозето, додавајќи дека Италија не ги заборава страдањата и е посветена на деескалација на конфликтот.

Авионот ќе слета на аеродромот Ларнака на Кипар, по што сите материјали што ги носи ќе бидат префрлени во Газа.

Претходно оваа година, Италија покрена водечка иницијатива наречена „Храна за Газа“ за да му помогне на тамошното цивилно население и испрати неколку пратки со помош на погодените од војната што ја пустоши палестинската енклава.

Зачлени се на нашиот е-билтен