Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел ги извести ОН дека нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа

 Шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини денеска изјави дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа.

Лазарини на социјалната мрежа Х напиша дека потегот на Израел „ја негира спасувачката помош за северна Газа“.

„Ова е нечуено. Ова е намерна опструкција на помошта за спасување животи во екот на вештачкиот глад. Овие ограничувања мора да бидат укинати“, напиша тој.

Тој предупреди дека спречувањето на УНРВА да го исполни својот мандат ќе доведе до тоа луѓето во Газа да умрат од глад, дехидрација и недостиг на безбедно засолниште. 

Зачлени се на нашиот е-билтен