Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска во бомбардирање на јужен Либан убиле тројца членови на милитантната група Хезболах, од кои еден бил командантот Исмаил Баз.
Хезболах соопшти дека жали за смртта на Баз, но не даде повеќе детали, додека ИДФ соопшти дека тој бил командант на крајбрежниот сектор на милитантната група и бил вклучен во планирањето на ракетните напади врз Израел.
Во одделни напади, ИДФ уби уште двајца членови на Хезболах, гаѓајќи ги нивните автомобили.