Јордан ги забранува активностите на Муслиманското братство и го конфискува неговиот имот, откако членовите на групата беа поврзани со заговор за дестабилизација на земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Мазен Ал-Фараја.
Минатата недела Јордан рече дека спречил заговори насочени кон поткопување на националната безбедност и уапси 16 лица.
Во телевизиска изјава, Ал-Фараја рече дека властите откриле дека членовите на Муслиманското братство се вклучени во дестабилизирачки активности, вклучително и складирање на експлозиви и оружје во станбени области. По рациите, групата се обиде да уништи документи за да ги скрие своите активности, додаде тој.
Министерот рече дека сите активности на Муслиманско братство ќе бидат забранети, неговите канцеларии ќе бидат затворени, дури и ако се во партнерство со други субјекти, а ќе се конфискува и имотот.
Судот нареди распуштање на Муслиманското братство во 2020 година, во она што аналитичарите го сметаа за обид да се ограничи влијанието на нивната група во кралството.
Кралството исто така забрани промовирање или објавување содржини за Муслиманското братство, рече Ал-Фараја. Не е јасно дали тоа ќе влијае на политичката партија.
Муслиманското братство е основано во Египет пред околу 100 години, каде што сега е забрането е класифицирано како терористичка организација.