Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јорданскиот крал Абдула ќе лобира за крај на војната во Газа на средбата со Бајден во Вашингтон

Јорданскиот крал Абдула денеска ја започна турнејата во главните градови на важните западни држави, вклучително и во Вашингтон, каде ќе се сретне со претседателот Џо Бајден за да лобира за прекин на војната во Појасот Газа, соопштија извори од кралската палата.

Монархот, кој прво ќе ги посети Франција и Германија, ќе има разговори и со високи лидери на американскиот Конгрес, со политичари и претставници од администрацијата на Бајден.

Во соопштението од јорданската кралска палата не е наведен датумот на средбата со Бајден.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново