Јосип Јуратовиќ, заменик-претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа ја имаше честа вчеравечер да одржи поздравен и пофален говор за Џабир Дерала, по повод доделување на наградата за солидарност на новинари од Јуроисточна Европа за 2024 година.
Јуратовиќ во своето обраќање истакна дека со овааа награда му се оддава чест на Дерала за неговата извонредна посветеност и неговиот придонес кон поправедно и послобдно општество.
Во продолжение целосното обраќање на Јосип Јуратовиќ:
Како заменик-претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и како некој кој го посветил целиот свој политички живот на мирот и демократијата во Западен Балкан, горд сум што можам да одржан говор денес во чест на една извонредна личност.
Демократијата се заснова на слободата на мислата и изразувањето, што се одразува во слободата на говорот и слободата на медиумите. Но, слободата на изразувањето мора да оди рака под рака со длабоко чувство на општествена одговорност и посветеност на демократските и плуралистичките вредности. Медиумите кои им служат на поединечните интереси наместо на јавниот интерес обично се корумпирани. Со оглед на тоа што демократијата во голем дел за заснова на слобода на медиумите, корумпирани медиуми значи крај на демократијата. На некој начин, оттука, медиумската писменост е исто така борба за демократија. Еден од овие борци е Џабир Дерала, а јас лично имав чест да го одржам пофалниот говор на презентацијата на Наградата за солидарност на Асоцијацијата на југоисточна Европа за неговата исклучителна храбра посветеност на слободата на медиумите.
Џабир Дерала, роден 1967 година, е извонреден активист за човекови права, писател, новинар и аналитичар на хибридна војна. Во текот на три децении, тој има дадено извонреден придонес во борбата за правда, слобода и вистина, особено во контекст на Северна Македонија и Западен Балкан.
Импресивната кариера на Џабир Дерала како активист за човекови права и новинар ја симболизра борбата за демилитаризација, родова и етничка еднаквост и демократизација. Неговата посветеност кон овие благородни цели не остана незабележана, туку, исто така, има поттикнато жестоко противње од оние кои не ги делат овие вредности.
Работата на Дерала често беше мета на брутални политички напади и медиумско оцрнување. Неговата бескомпромисна борба против неправдата и корупцијата и неговото неуморно застапување за правата на маргинализираните групи го доведоа во центарот на вниманието, но и гневот на оние кои не ја одобруваат неговата храброст и интегритет.
Како соосновач и директор на исткнатата организација за човекови права ЦИВИЛ, основана во 1999 година, Дерала ја нарави организацијата синоним за иновативни и моќни иницијативи во областа на човековите права, демократијата и граѓанското учество. Тој успешно ги води креативните проекти на организацијата, вклучувајќи мултимедијални проекти, кампањи за подигање на свеста, фестивали, документарни филмови, конференции и многу други настани.
Неговата посветеност за транспарентни и фер избори се одразува во неговата долгогодишна работа како набљудувач на изборите од 2008 година, каде има соработувано со бројни меѓународни и регионални организации. Експертизата на Дерала во контрола на оружјето и борба против дезинформациите понатаму ја нагласува неговата важност во борбата против современите безбедносни закани.
Како главен уредник и писател во ЦИВИЛ медиа, Дерала има дадено непроценлив придонес во новинарството преку анализи и колумни кои изложуваат важни општествени и политички прашања. Неговата новинарска работа е високо ценета и препознаена како на национално ниво, така и на меѓународно. Тој е член на Здружението на нвинари на Северна Македонија од 1990 година и член на Амнести интернешнл од 1994 година.
Неговиот литературен опус вклучува бројни дела на теми од руската пропаганда и хибридната војна па до конфликти и мир во Северна Македонија и, последно но не и најмалку важно, анализи на корупцијата и дезинформациите. Особено би сакал да ги истакнам неговите две дела „Украина – година на херојство“ и последователното дело „Украина – години на херојство“, кои длабоко ја испитуваат руската агресија и херојскиот отпор на украинскиот народ.
Дерала, исто така, е коавтор и уредник на голем број важни публикации на теми како што се вештачката интелегенција, зелената економија, пролиферација на нелегалното оружје, граѓанското новинарство и антикорупцијата. Неговата способност да препознава и артикулира комплексни проблеми го прави клучна личност во јавниот дискурс.
Покрај неговото пишување, Дерала се докажа и како продуцент на едукативни телевизиски серии и како автор на поетски и фотографски книги. Неговите дела како „Апокалипса“ и „Кој ќе ја плати сметката?“ ја одразуваат неговата уметничка и интелектуална сестраност.
И покрај тоа што беше соочен со закани и говор на омраза од ултранационалистички и проруски групи, Дерала неуморно ја продолжува својата работа за прмовирање на вредностите кои тој ги смета клучни за општествениот напредок. Неговата храброст, посветеност и безрезервна посветеност на човековите права и слобода го прават вистински херој на нашето време
Денес, додека му ја доделуваме Наградата за солидарност на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, оддаваме чест на неговата извонредна посветеност и на неговиот придонес. Нека неговата работа продолжи да нé инспирира и води во нашата потрага по поправедно и послободно општество.
Подготви: Б. Ј. (ЦивилМедиа)