Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кај брегот на Тунис се удавија 13 мигранти, 27 се водат како исчезнати

 Најмалку 13 мигранти од Судан го загубија животот, а 27 се водат како исчезнати, кога бродот во кој се наоѓале потонал во близина на брегот на Тунис, изјави официјален судски претставник во таа држава.

На бродот што испловил од пристаништето Сфакс, Тунис, додаде претставникот, имало 42 судански државјани, а двајца од нив биле спасени.

Иницијативата за „Аларм телефон“, независна поддршка за луѓето кои го преминуваат Средоземното Море на пат кон Европската унија, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека туниската крајбрежна стража спасила 105 лица кои биле во опасност од давење во централниот Медитеранот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен