Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Калас ја поддржува идејата за европски комесар за одбрана

Премиерката на Естонија, Каја Калас изјави дека постои итна потреба за развој на европската одбранбена индустрија и оти ја поддржува идејата за именување на европски комесар задолжен за истата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен претходно поттикна дебатата кога вети дека ако добие втор мандат, ЕК комисијата ќе има комесар за одбрана.

Некои политичари и дипломати оценија дека идејата на Лајен е знак дека Европа станува посериозна во однос на одбраната. Други тврдат дека одбранбената политика е домен на членките на ЕУ и дека предлогот ризикува опасно дуплирање со НАТО.

Калас рече дека таквата позиција ќе има смисла доколку портфолиото се фокусира на индустријата.

– Ако идејата е за одбранбената индустрија и нејзиниот понатамошен развој, тогаш има итна потреба и би можеле да имаме лидер кој се занимава само со тоа прашање. Не сакаме да ги замаглиме границите меѓу НАТО и ЕУ. Во однос на воена криза, важно е кој кому наредува, како навистина функционира командниот синџир. Тоа е НАТО … Но, за зајакнувањето на одбранбената индустрија, тука има што да каже и ЕУ, посочи Калас.

Таа предложи заедничко задолжување на ЕУ за финансирање на поголеми инвестиции во одбраната, предлог поддржан од францускиот претседател Емануел Макрон. 

Зачлени се на нашиот е-билтен