Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Калиопи по морничавата вест дека умрела: Вашата морбидност ги надмина сите граници

На социјалните мрежи се шири морничава лажна вест дека популарната пејачка Калиопи умрела. Пејачката згрозена реагираше на социјалните мрежи, но пријавила и во полиција.

На фотографиите кои преку спонзорирани објави се шират на социјалните мрежи се гледа фотошопирана пејачката како лежи во болнички кревет и пишува дека таа починала од циста на мозокот и срцев удар.

„Секогаш тврдев дека не постојат добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин, поведена е пријава и постапка до надлежните органи“ напиша Калиопи на социјалните мрежи.

Таа додава дека и во минатото нејзиното име било злоупотребувано, но дека оваа морбидност ги надминува сите граници.

„Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат, можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот?“ пишува Калиопи.

Таа побара од Одделот за компјутерски криминал при МВР да се преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби.

Редакција Трн

Најново