Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Камерон му вети на Зеленски дека ќе продолжи британската поддршка за Украина

 Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина.

Посетата на Камерон во Киев е негово прво патување во странство откако беше назначен за министер за надворешни работи.

– Сакав ова да биде моја прва посета … Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред сè воена поддршка што ви е потребна не само оваа година и следната година, туку сè додека е потребно, наведе Камерон на средбата со Зеленски.

Украинскиот претседател му се заблагодари на Камерон за неговата посета.

– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина … поради кризата на Блискиот Исток, посочи Зеленски. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира