Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Камерон: Обединетото Кралство продолжува да ги поддржува Украина и ОБСЕ

 Обединетото Кралство продолжува да ги поддржува Украина и ОБСЕ, порача шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон пред министрите за надворешни работи во Скопје пред почетокот на 30. Министерски самит на ОБСЕ. 

– Секретарот за надворешни работи, на состанокот на министрите за надворешни работи во Скопје, пред Министерскиот совет на ОБСЕ, рече дека Обединетото Кралство ќе стои со Украина онолку долго колку што е потребно и ќе продолжи да дава морална, дипломатска, економска и воена поддршка, информираат од британската делегација во ОБСЕ. 

Камерон, исто така, рекол дека Русија е одговорна за конфликтот и дека нивните постапки се неодбранливи и ги прегазиле сите десет начела на Хелсиншкиот завршен акт, врз кој почиваат односите меѓу државите. 

– Британскиот министер за надворешни работи, ја заврши својата забелешка порачувајќи дека Британија е јасна во поддршката за ОБСЕ, и ги повика сите присутни министри за надворешни работи да ја поддржат организацијата и да ја обезбедат нејзината иднина, поздравувајќи го преземањето на функцијата претседавач од Малта во 2024 година, посочуваат од британската делегација во ОБСЕ. 

Камерон вчера присуствуваше на неформалната вечера на министрите за надворешни работи во Скопје, додека на Минстерскиот самит на ОБСЕ денеска учествува британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хипи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен