Кина го поддржува Иран во преговорите со САД за нуклеарната програма на Техеран, но се противи на употреба на сила и „незаконски“ еднострани санкции за решавање на проблемот. Ова денеска го изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во разговор со неговиот ирански колега.
-Пекинг е подготвен да ја продлабочи соработката со Техеран за меѓународни и регионални прашања, му рече Ванг на својот ирански колега Абас Арагчи за време на разговорите во кинеската престолнина, се вели во соопштението на Министерството.