Зачестеноста на различни кризни ситуации во Европа е зголемена во последните години, вклучително и оние поврзани со климатските промени, новите заразни болести и војната, oсобено, пандемијата на Ковид го парализираше туристичкиот сектор на ЕУ, а компаниите и заедниците кои зависат од туризмот потоа претрпеа голем притисок и ги изложија структурните слабости на секторот, се вели во извештајот на Европската комисија за патувања
Сепак, фактот дека побарувачката за туризам се опорави релативно брзо по пандемијата може да сугерира дека побарувачката за туризам е прилично отпорна, според истражувањето. Но, тоа не мора да значи дека понудата во европскиот туристички сектор стана поотпорна на идните кризи, кои стануваат се поголеми и посложени.
Индустријата за патување и туризам е особено ранлива на широк спектар на ризици, вклучувајќи терористички напади, епидемии, пандемии, природни катастрофи и други ризици кои ја загрозуваат безбедноста на туристите, и би било погрешно да се претпостави дека одредени земји или видови дестинации се имуни на одреден тип инциденти.
На пример, малкумина очекуваа дека за само 12 часа во април 2024 година, Дубаи ќе доживее количина на врнежи што обично паѓа во една година, што предизвика невидени поплави и принуди затворање на аеродромот – еден од најголемите меѓународни центри за воздушен сообраќај и еден од најпрометните аеродроми во светот неколку дена.
Гледајќи напред, постојат многу видови на повеќестрани кризи за кои засегнатите страни од туристичкиот сектор во Европа ќе треба да се подготват во наредните години. Се претпоставува дека идните кризи ќе бидат поголеми и понепредвидливи и дека ќе претставуваат поголеми стратешки и оперативни предизвици за националните туристички организации.
На пресвртот на побарувачката за туризам до 2100 година во голема мера ќе влијаат климатските промени, се наведува во извештајот за кризи во туризмот на Европската комисија за патувања.
Според извештајот, туристичката побарувачка во иднина ќе се префрли од крајбрежните во северните региони, а јужните региони ќе се соочат со значително помал број туристи. Особено поради сценарија кои предвидуваат повисоки температури.
Според извештајот, побарувачката за туризам се очекува да се менува со годишните времиња. Имено, намалување на побарувачката би можело да има во летниот период, а зголемување во постсезоната и зимата.
Се наведува дека, по минатогодишните високи температури, бројот на туристи кои планираат да го посетат Медитеранот во периодот од јуни до ноември веќе е намален за десет отсто. Наместо тоа, туристите избираат патувања во Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.
Туристичката побарувачка на Алпите, кои привлекуваат околу 120 милиони туристи годишно, исто така може да се промени. Во блиска иднина, според истражувањето, без снег ќе останат скијачките центри кои се наоѓаат под 1.500 метри надморска височина. Ваквата промена, се наведува, ќе влијае на четвртина од алпските одморалишта.
Претпоставувајќи силно глобално затоплување, одморалиштата на Алпите би можеле да имаат дури 40 отсто помалку снежни денови годишно до крајот на векот. Во истражувањето се наведува дека тоа би значело 137 снежни денови годишно, што е за 80 помалку од сегашниот просек. Оваа промена би значела исчезнување на едно од осум одморалишта во светот, а се очекува од 2071 година наваму.
Швајцарија се загрева приближно двојно побрзо од глобалниот просек, а скијачките центри веќе се борат со недостаток на снег и се обидуваат да ја заменат оваа туристичка понуда со други форми на рекреација. Еден пример е отворањето на алпски велосипедски патеки на Божиќ за да се надомести одложената скијачка сезона.
Во јануари 2023 година, само 16 од 70 скијачки патеки беа отворени во ски-центарот Гштад, а користењето на лифтовите беше за 30 до 40 отсто помалку од претходната година.
Во Шпанија веќе се пријавени докази за влијанието на временските шеми кои влијаат на побарувачката за туризам. Имено, туристите повеќе трошат во поладните крајбрежни општини отколку во потоплите. Помеѓу летото 2019 и летото 2023 година, туристичките трошоци се зголемија во просек за 45 проценти во постудените места и 35 проценти во потоплите места.
Покрај тоа, за време на летните топлотни бранови во 2023 година, туристите ја намалија потрошувачката во најтоплиот дел од денот. Помалку трошеле помеѓу 12 и 17 часот, а повеќе помеѓу 22 и 07 часот.
Потенцијалните ефекти од кризните настани врз меѓународниот туризам веројатно ќе се зголемат во обем и фреквенција, а ефективни стратегии за туристичките заедници да се подготват, да одговорат и да закрепнат од кризи ќе стануваат сè поважни.