Округот Лос Анџелес ги тужеше производителите на пијалоци PepsiCo и Coca-Cola, обвинувајќи ги дека го загадуваат најнаселениот округ во САД со пластични шишиња и ја доведуваат јавноста во заблуда за влијанието врз животната средина влијание и за рециклирањето на нивните шишиња, пишува Ројтерс.
Во тужбата се наведува дека компаниите придонесуваат за загадување со пластика со нивните пластични шишиња за еднократна употреба и дека во кампања ги доведуваат во заблуда потрошувачите дека нивната амбалажа се рециклира.
Според тужбата на округот со демократска управа, компаниите го сториле тоа и покрај тоа што знаеле дека пластиката во нивните шишиња не може да се рециклира во обем што е доволно значаен за да се компензира еколошката штета од нив, од кои повеќето завршуваат на депониите како ѓубре.
Округот тврди дека пластичното загадување проследено на производите направени од компаниите претставува јавна непријатност што тие мора да бидат принудени да ја поправат. Според тужбата, Пепси и Кока-Кола треба да бидат обврзани да платат казни за вклучување во нефер и измамнички деловни практики.
„Кока кола и Пепси треба да престанат со измамата и да преземат одговорност за проблемите со загадувањето со пластика што ги предизвикуваатнивните производи“, рече претседателката на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес, Линдзи Хорват.
Компаниите не одговорија на барањата за коментар во четвртокот, но претходно тврдеа дека работат на одржливост на животната средина.
„Тврдењето дека нашето пакување не може да се рециклира едноставно не е точно“, рече Вилијам Дермоди, потпретседател за медиуми и односи со јавноста за индустриската трговска групација Американска асоцијација за пијалаци, чии членови се Кока-Кола и ПепсиКо.
Случајот е последен во низата тужби на државните и локалните власти на САД и застапниците за заштита на животната средина против компаниите кои произведуваат и продаваат пластика.
PepsiCo моментално се бори против тужбата за загадување со пластика, поднесена од јавниот обвинител на Њујорк минатата година. Калифорнискиот јавен обвинител во септември на сличен начин ја тужеше нафтената компанија Exxon Mobil (XOM.N), која произведува полимери кои се користат за производство на пластика за еднократна употреба.
Апелациониот суд во Вашингтон ја разгкеда тужбата поднесена во 2020 година од страна на еколошката групација Earth Island Institute во која се обвинува Кока-Кола дека ги заведува потрошувачите да веруваат дека нејзиниот бизнис е еколошки одржлив.
Повеќе од 400 милиони тони пластичен отпад се произведуваат на глобално ниво секоја година, а помалку од 10% се рециклира, според Програмата на ОН за животна средина, ги задушуваат депониите и ги загадува океаните.