Колапс на Вашингтон пост: Една третина од вработените отпуштени, крај на класичното новинарство?

Весникот отпушти стотици вработени, ја затвора спортската рубрика и го реструктурира персоналот, додека главниот конкурент дуплира кадар.

„Вашингтон пост“ денес соопшти дека отпуштил една третина од своите вработени, при што спортската рубрика на весникот целосно згасна. Ова е дел од големи промени и намалувања на буџетот кои вклучуваат елиминирање на делови од редакцијата и значително намалување на бројот на дописници низ целата земја.

Главниот уредник Мет Мареј ги објави промени на вонреден состанок со вработените, а членовите на редакцијата беа информирани дека ќе добиваат индивидуални е-пораки во кои ќе биде наведено дали ќе го изгубат работното место. Сè уште не се знае колку вработени ќе бидат отпуштени.

Мареј истакна дека одделот за издаваштво ќе биде затворен, а новинарскиот и уредничкиот персонал во областа на Вашингтон ќе бидат променети. Тој призна дека намалувањата ќе бидат шок за системот, но дека целта е „да се создаде Вашингтон кој повторно може да расте и да напредува“.

Овие потези беа очекувани со недели, откако весникот ги информираше спортските новинари кои ги покриваа Зимските олимписки игри во Италија дека нема да бидат испратени. „Вашингтон пост“, подоцна соопшти дека ќе испрати ограничен број вработени за покривање на настанот.

Ситуацијата на весникот е во контраст со главниот конкурент „Њујорк тајмс“, кој во последните години забележа раст и го дуплираше персоналот, благодарение на инвестициите во нови дигитални продукти, вклучувајќи веб-страници за игри и совети за потрошувачи.

Падот на „Вашингтон пост“ се поврзува и со губење на претплатници поради одлуките на редакцијата, вклучително и повлекувањето на поддршката за демократската претседателска кандидатка Камала Харис во изборната трка против републиканецот Доналд Трамп во 2024 година. Синдикатот на весникот повика јавноста да реагира со порака до сопственикот Џеф Безос: „Доста е. Без ‘Вашингтон пост’, нема ‘Вашингтон пост’“.

Овој развој ја отвора сериозната дебата за иднината на класичното новинарство во САД, за финансиската одржливост на традиционалните медиуми и влијанието на сопствениците врз редакциската независност.

Зачлени се на нашиот е-билтен