Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кон-текстот: Дигитални осврти на македонската книжевност во првите две децении на 21. век

Деновиве е објавена електронската книга „Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)“.

Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, во соработка со професорката Калина Малеска како уредничка на книгата. Авторите и авторките на поглавјата напишаа кратки осврти за творештвото на избраните писатели и писателки напишано од 2001 до 2020 година.

Идејата беше да се опфатат што поголем број на писател(к)и од овој период и со тоа да се поттикне преиспитување на самиот концепт на канонот. За да се постигне оваа цел, се планира книгата да се прошири во наредните години и да има и второ издание. Книгата е самостојно издание во електронска верзија и може да се види и преземе на следниов сајт: https://sites.google.com/view/kon-tekstot/

Зачлени се на нашиот е-билтен