Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: 43% повисоки плати во културата за достојно и пропорционално вреднување на трудот на сите

„Со последното, септемвриско покачување, платите во културата од 2021 година до денес се поголеми за 43%. Растот на платите е пропорционално еднаков за сите културни работници и тоа е она што вработените во културата го заслужуваат. Заврши времето на манипулација со трудот на културните работници. Платите сега се достоинствени“, напиша во објавата на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Костадинвска-Стојчевска нагласува во текстот дека станува збор за „плати какви што културните работници заслужуваат, а јас и натаму ќе се борам за уште поголем раст“.

„Нашата борба за повисоки плати е успешна бидејќи секогаш зборувавме со аргументите на правичноста и праведноста. Мораме така и да продолжиме“, потенцира министерката за култура.

Во објавата на социјалните мрежи Костадиновска-Стојлевска посочува дека „со Колективниот договор во културата подготвен и потпишан во 2019 година, а од неодамна и со Општиот колективен договор постигнавме правичност во групирањето на работните места и праведно вреднување на трудот на вработените во културата за сите без исклучок“, и дека „овие договори денес спречуваат селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос без разлика за која позиција и работно место се работи во било која културна установа, а сега и во било која државна институција воопшто“.

„Креативните и авторски позиции и понатаму добиваат плати достојни на нивниот статус, но еднакво и соодветно ги зголемуваме платите и на сите останати кои се дел од логистиката на културните настани, процеси и институции“, пишува на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во објавата таа наведува споредбени показатели за три работни позиции во институциите од културата за да го илустрира трендот на покачување на платите од 2021 година до денеска:

Треба да знаете
Moже да ве интересира