Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Град Скопје не ги префрла ингеренциите за реновирање на Универзална сала

„Министерството за култура се уште нема ништо преземено во врска со Универзална сала. Имаше само две гласања на седница на Советот на Град Скопје, каде советниците се согласија ингеренциите за реконструкција да преминат на министерството. Но, за да биде финализирано треба Град Скопје да го подготви договорот кој треба да го потпишеме јас како министерка и градоначалничката Арсовска“ рече министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на МТВ.

Таа додаде дека тоа досега не е случено и од изгласувањето на одлуката два пати се обратиле до Град Скопје, но за жал не добиле повратна информација.

„Се добива впечаток дека сега Универзална сала припаѓа на Министерството за култура, но тоа не е така. Ние дури и излеговме од ингеренциите и подготвивме предлог одлука, за да ја забрзаме постапката и со пропратно писмо ја пративме до службите на Град Скопје, да помогнеме, но немаме никаков одговор“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура испрати апел до службите на Град Скопје да се забрза процесот, бидеќи Универзална сала стануав опасна доколку биде оставена во оваа фаза и во ваква состојба.

„Повикот за финансирање проекти од областа на културата за 2024 година беше отворен на 3 октомври и завршува на 6 ноември. На овој повик може да се пријават националните установи, но и сите  кои делуваат во културата“, потенцираше министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека претходно имало пракса да се дава предност на тие што го користат повикот со години, но сега е воведна практика дека треба да се даде простор на младите уметници, се додека проектите се добро елаборирани и издржани.

„Не може да бараме само искуство, затоа е добро да ги мотивираме и младите. Како и секоја година предност се дава на креативноста, инвентивноста и уникатните идеи“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека овој конкурс е поддршка за проектите и не значи дека треба да биде целосно финансирање.

„После долги години во Лондон повторно се изучува македонскиот јазик на Универзитетескиот колеџ во формат кој  е соодветен за слушателите. Ја искористив посетата на Обединетото Кралство за разговор со директорот на овој колеџ за курсот да го унапредиме во задолжителен или изборен предмет“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека Министерството за култура донирало книги, а од професорката Зафировска ѝ било кажано дека курсот го посетуваат три групи, со три различни нивоа.

„Тоа не се само луѓе кои живеат таму и имаат потекло од Македонија, туку и поранешни дипломати кои имаат желба да го зачуваат македонскиот јазик“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека културата е голем амбасадор и точка за поврзување меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и кажа дека на 10 ноември во рамките на женски филмски фестивал ќе биде прикажана „Медена земја“, додека на 20 ноември ќе се прикажува филмот „Кајмак“.

Зачлени се на нашиот е-билтен