„Македонската култура е европска и македонскиот јазик е европски. Заштитата на културното наследство е европска вредност“, истакна коносителката на листата во ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бисера Костадиновска-Стојчевска на централниот митинг во Скопје.
Таа додаде дека нема да се дозволи никој да си игра со идентитетот и културата.
„Го вративме назад достоинството на културните работници, во изборната единца 5 не се откажуваме од иднината“, порача Костадиновска-Стојчевска.