Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: ДПМНЕ е светски феномен за немање став, немаат програма, понуда, идеа

„Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена. Едно исто, тоа е истата партија од минатото не се поместени ниту милиметар. Нема програма, нема политичка понуда, нема идеа, нема став, не знаат за што се залагаат, само се нешто против. Светски феномени се за немање став“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето на изборен штаб во Кисела Вода.

Тој додаде дека тоа отсуство на став, на политика се гледа последните години бидејќи за ниту едно важно прашање, државно, национално, ДПМНЕ немаше став, туку само кочеше и блокираше.

„Тоа го гледаме и деновиве. Се заплеткаа и не знаат што да прават со себе, а не со државата. Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, нема елементарен градски превоз“, посочи Ковачевски.

„Пред граѓаните има лесен избор, тие имаат пред себе два концепти. Едниот е концепт посветен на демократија, поголеми плати, поголеми пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, слобода каде може да го каже своето мислење, едноставно концепт на европска Македонија, концепт на европска, прогресивна напредна држава. Вториот концепт е концептот на изолација, страв, насилство, концепт на држава во која работникот е неважен, продаван низ светот како евтина работна сила, концепт на фрлени пари за спомнеци, жални врби стиропори кој ден денес го гледаме како се распаѓа по Скопје. Концепт на криминал“, истакна Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека оваа разлика беше јасна и видлива, а минатата недела и со конкретни примери можевме да се потсетиме што значи ВМРО на власт и што значи режим.

„Што значи кога медиумите ќе се стават на страна на една политичка партија. Што значи кога вработени во МВР тепаат свои колеги само затоа што си ја извршувале својата работа. Што значи кога член на обезбедување на нивниот прв човек ги тепа своите колеги, овие не смеат ни да пријават дека се тепани. Два дена не смее да направи внатрешна контрола извештај таму“, рече Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен