„На изборите ќе настапиме со искусни членови кои вршеле низа функции и во партијата и во државата. Јас ќе бидам во Изборната едниница 1, во која ќе настапат лидери и на други партии и сум оптимист бидејќи имаме јасна програма со која ќе се претставиме. Нема да даваме лажни ветувања“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека програмата е готова и има конректни решија за проблемите со кои се соочува општеството и има конкрента визија за тоа каде СДСМ ја гледа Северна Македонија до 2030 година.
„Ќе бидат адресирани најважните прашања за раст на платите, пензиите, зголемување на поддршката во земјделството. Јас сум свесен дека работевме во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна. Но ги зголемивме платите. Минималната плата од 8 на 23 илјади, просечната плата ја зголемивме на 650 евра, што е двојно повеќе од она што беше до 2016 година“, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека обезбедени се методологии за постојан раст на минималната плата и на пензиите и поради тоа е уверен во ветувањата од новата програма. „Предвидуваме зголемување на минималната плата на 600 евра, просечна плата над 1000 евра и намалување на невработеноста. Докажавме дека може од 25 на 12,8 отсто да се намали“, рече Ковачевски.