Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Инвестиција во нови гасоводи со Грција и со Бугарија, ЕСМ со проекти за 12 нови домашни енергетски капацитети

Сите влади работат во специфични услови зашто мора да се менаџира недостатокот на електрична енергија и високите цени, кажа премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој потенцира дека не треба да се дозволи ценовен шок за граѓаните и од друга страна треба да се искористи кризата како можност, односно да се направат инвестиции коишто нема да дозволат во иднина да се случуваат вакви потреси на енергетскиот пазар.

-За првата цел, Владата минатата година одвои 760 милиони евра што е најголем пакет антикризни мерки во регионот, според Светска банка. Успеавме и да ја субвенционираме цената на електричната енергија до 80 проценти. Да не беше таа субвенција цената за 600 илјади доаќинства ќе беше пет пати повисока, а до трипати повисока за малите потрошувачи коишто се на регулираниот пазар. Од тој аспект кризата беше добро менаџирана, бидејќи ценовен шок нема и нема да има, рече Ковачевски.

Тој додаде дека се инвестира во моментов во диверсификација на енергенсите во државата.

-Ние во моментов имаме само една точка на снабдување со гас, а тоа е преку Република Бугарија. Се работи на инвестиција на нов гасовод со Грција и уште еден гасовод со Бугарија, како и потенцијални гасоводи со Република Албанија. Тоа овозможува базната енергија, која доминантно се произведува од јаглен, да може да рамислуваме за гасни централи, рече Ковачевски.

Тој кажа дека засилено се преговара со заинтересираниот инвеститор за Чебрен, што би произведувал базна енергија. Премиерот додаде дека с инвестира и во дистрибутивна мрежа и поврзувањето со земјите од регионот.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски посочи дека државните капацитети за производство на електрична енергија се доста стари и поминат е векот на експлоатација шт го даваат производителите на опремата. Сепак, тој додаде дека со добро планирање и инвестирање капацитетите можат да се користат уште одреден период.

-Во 2019 година во компанијата донесовме стратешки план за развој, кој беше усогласен со енергетската стратегија на државата до 2046 година. Во АД ЕСМ сега се водат 12 проекти за инвестиции во нови енергетски капацитети, коишто заедно би давале 1760 мегавати инсталирана моќ, што е повеќе од моментални 1420 мегавати. Минатите години, за жал, се вложувало минимално во енергетските капацитети, рече Васко Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира