„Сметам дека ВМРО – ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии да имаат министри во техничката Влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада“, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарското прашање дали на листата за техничката Влада, кандидатите за министри од ВМРО – ДПМНЕ нема да бидат поддржани, односно дека таму ќе има празно место.
Тој додаде дека не постои да политичка партија земе учество во Влада а да не ја поддржи.
„Прво, кога се учествува во Влада тоа значи дека таа треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример политичка партија да учествува во Влада, а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат примери во кои што политичка партија не учествува во Влада, ама ја поддржува“, смета Ковачевски.
Тој заклучи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа Влада, тогаш тие места треба да останат празни мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат упразнети и во моментот кога ВМРО – ДПМНЕќе реши да ја поддржи Владата, тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои на нив им следуваат.