Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Мицкоски не е загрижен, тој е неодлучен и нема лидерство

„Господинот Мицкоски не е загрижен, тој е само неодлучен, а тоа не е лидерска карактеристика. Човек кој што е неодлучен, кој што никогашн е може да донесе одлука, на крај може и да биде загрижен“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5.

Тој додаде дека и при рефенредумот за името, пред влезот во НАТО, Мицкоски немаше став и ден денес никој не знае кој беше ставот на Мицкоски тогаш и дали излезе на референдумот.

„Ние добивме многу јасна преговарачка рамка, таа преговарачка рамка гарантира заштита на македонскиот јазик бидејќи целото европско законодавство се преверува на македонски јазик, вие бевте присутни во Брисел кога на преговарачките кабини засвете македонскиот јазик, Брисел отвори конкурс за запослување на преведувачи на македонски јазик и го потпишавме договорот Фронтекс на македонски јазик, прв договор потпишан со ЕУ одобрен од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија и Грција на македонски јазик“, укажа Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека има и пресуда од суд во Грција, кој што признава дека македонскиот јазик може да се употребува, што било незамисливо во минатото.

„Храбрите одлуки секогаш носат напредок и носат визија и да има политичари како мене, има политичари како Стево Пендаровски, има политичари во СДСМ за разлика од политичари во ВМРО-ДПМНЕ кој никогаш не донеле никаква одлука, кои што имаат храброст да донесат одлуки со кои што ќе им обезбедат посветла иднина на македонските сегашни и идни генерации, а таа иднина е во ЕУ, а не во изолација и на изнаоѓање на изговори зошто некој работи да не се направат“, рече Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен