Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека она што е договорено со 27-те земји членки на ЕУ и е дел од преговарачката рамка практично е она до што се придржуваат земјите членки на ЕУ, а гаранција за тоа се земјите членки на ЕУ, особено оние кои се најголеми и најмоќни во ЕУ, а тоа секако е Германија.
-Исто така тој ја изрази поддршката на Германија во делот на одлуката која ја имаме пред нас а тоа е гласањето на уставните амандмани за вметнување на други делови од народи вклучувајќи ги деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот устав. Тоа е одлука која што треба да се донесе до завршувањето на скринигот со цел процесот да не застане и Северна Македонија да може непречено да го продолжи отворањето на поглавјата и реформите кои ќе следуваат, за што повторно ќе бидат потребни две третини во делот на реформата на правосудството, во делот на реформата на јавната администрација, реформата на медиумите се се тоа закони кои што донесуваат со двотретинско мнозинство, рече Ковачевски.
Тој додаде дека овој тип на гласање и овој тип на реформи не треба да бидат предмет на дневно политички дебати и теми на кои се добиваат дневно политички поени од избори до избори.
-Тие треба да бидат предмет на еден општествен консензус бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, заклучи премиерот.