„Се направи еден наратив кој отиде во погрешна насока. Пред се би рекол дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат на една стара нивна карта, да будат национални чувства“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Тера.
Тој додаде дека има изјава од висок функционер на ДУИ од крајот на минатата година, во која вели дека добивале понуди од ВМРО-ДПМНЕ да ја кренат националната реторика бидејќи тоа одговара на двете партии.
„Јас тоа го осудува. Ги осудувам извиците на Али Ахмети, ‘УЧК’ на плоштадот во Скопје. Тоа не е во насока на добрите национални односи и во насока на градењето на евроспка држава. Тоа се повици кои значат изолација и воопшто не се повици кои значат иднина“, истакна Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека ВМРО од друга страна парира во тој дуел кој не враќа назад кога постојано имаше тепачки по автобуси помеѓу деца од различни националности, кога имаше тепачки на скопкосто Кале и кога државата назадуваше.