Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Од заробена станавме слободна демократска држава, фактор на стабилност на Балканот

„Ние сме ги виделе ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како функционираат 10 години заедно. Од тоа нивно функционирање 10 години заедно останаа жални врби, стиропор, споменици во центарот на Скопје и кавги и тепачки за тоа дали да има џамија или црква на Калето и тепачки по автобуси. ДУИ владеел со нас 7 години, меѓутоа во тие 7 години благодарение на нас СДСМ ние станавме земја членка на НАТО и земја која што ги отвори преговорите со ЕУ, претседававме со ОБСЕ една година и бевме домаќин на преговори помеѓу други две држави кои што имаат нерешени прашања помеѓу себе. Ние станавме за 7 години од заробена држава слободна демократска држава која што стана фактор на стабилност на Балканот. И тука е разликата во владеењето бидејќи стожерната партија на градењето на демократијата, на градењето на демократските процеси во државата е токму СДСМ“ рече во интервју на Сител, Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ.

Тој додаде дека не може да генерализира за сите, но дека може да кажам дека персонално со дел од министрите на ДУИ соработува одлично.

„Министерот за финансии човекот деноноќно работеше, врвен економист, на антикризни мерки на обезбедување на финансиски средства со ММФ, заедно со Битиќи, заедно со Филип Николовски кој е исто така од нашата партија заменик министер за финансии, но имаше и други кои што не беа на висина на задачата. И го осудив она што го направи Али Ахмети на градскиот плоштад во Скопје со извиците УЧК, тоа се анахрони извици кои што врска немаат со паролата која што ја прокламира на овие избори европски фронт, мислам како вие ќе прокламирате европски фронт без ниту едно знаме на митинг на плоштадот во главниот град и со извици од пред 24 години кои што всушност само будат духови од минатото кои што се закопани“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека на тоа му парираат и Мицкоски и Силјановска со нивната национална реторика.

„На крајот се потврдува дека единствена политичка опција која што е за градење на функционално мултиетничко општество во Македонија останува СДСМ“, заклучи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен