Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: СДСМ подава до сите прогресвини сили, да не дозволиме да се врати режимско минато

„СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобизација на 8-ми мај. Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби. Во време кога началници шетаа по градот по 2 недели додека имаше избориза да конторлираат како ќе гласаат граѓаните. Вие најдобро знаете во Крушево и затоа не дозволувате да ве газат како што ве газеа 11 години“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Крушево.

Тој додаде дека изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат, но во ниту еден момент нема да се откаже од борбата.

„Знам дека голем број граѓани сè уште немаат одлучено кому да го дадат својот глас. Затоа ги повикувам убаво да размислат кој заслужува да ја води државата. Убаво да размислат дали сакаат да гласаат ЗА или сакаат да гласаат ПРОТИВ“, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде гласањето против не ѝ носи добро на Македонија и дека само со гласот ЗА може да се оди напред и да се изгради подобра држава за нашите деца.

„Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца! Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам да гласате ЗА европска иднина! Да гласате ЗА Стево Пендаровски за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина“, нагласи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен