Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Стево е политичар со прогресивни идеи и верба во европската иднина, без ниту една грешка во првиот мандат

„Ги слушам мегафоните на ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто ме немало на митнизите на Стево. Не можеле да разберат дека Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните! Но тоа е нивни проблем. Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина“, изјави претседателот на СДСМ на митинг на претседателот Стево Пендаровски во општина Аеродром.

Тој додаде дека победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори.

„Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! Ние имаме јасен план и визија како ќе се развива државата во идните години. Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски“, потенцираше Ковачевски

Тој додаде дека за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, СДСМ ќе прогласи нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

„СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател! Сите заедно, сплотени и решителни ќе продолжиме цврсто да газиме на патот кон Европската Унија. Европска Македонија ќе биде реалност! Нема откажување од иднината! Да сте живи и здрави! Да живее СДСМ! Да живее европска Македонија“, заклучи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен