Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Стево Пендаровски ќе продолжи да биде нашиот претседател, човек подржан од граѓаните

„ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, а потоа други им се криви. Со ДПМНЕ единствено е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа. Земјата нема да се помрдне ни милиметар кон Европа, а за неуспехот ќе ги обвинуваат сите, и на крај и ЕУ“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Центар во Скопје, како дел од кампањата на Стево Пендаровски.

Тој им порача на граѓаните дека, сите заедно можат да го спречат тоа.

„Со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за нашиот претседател Стево Пендаровски. Гледам вчера, Мицкоски прашува кај сум бил? Пред малку бев во Карпош, сега сум во Центар, вчера бев во Аеродром, пред тоа во Кисела Вода, а пред тоа во Сарај, во Сопиште, утре во Македонски Брод. Јас не ја кандидирав тетка ми Жана за претседател на Македонија, па да морам да ја шетам по цела Македонија, јас го кандидирав Стево Пендаровски, човек подржан од граѓаните, од политички партии, од невладини организации, од лекари, од наставници, од земјоделци, од работници, човек подржан од Македонија, затоа што Стево Пендаровски е нашиот и ќе продолжи да биде нашиот претседател“, истакна Ковачевски.

Тој порача дека на граѓаните им треба држава која ќе ја води претседател. И дека на 24 Април, во првиот круг на претседателските избори, ќе го видат одговорот на граѓаните,а тоа ќе биде дека граѓаните сакаат претседател кој ќе ги однесе во Европската Унија.

„На 8 Мај, граѓаните ќе изберат европска коалиција, коалиција за европска иднина, која заедно со европски претседател, ќе формира европска влада која до 2030 година ќе обезбеди европска иднина на Македонија“, посочи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново