Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Тука сме за да создаваме, а не да растураме, Отворен Балкан носи придобивки

„Ние сме тука да создаваме, а не да растураме и уверени сме и порачуваме дека Србија и Косово треба да бидат за мир и треба да направат сѐ за да ги повлечат вистинските потези, да ги направат вистинските чекори за безбедна иднина на своите граѓаните, на своите народи, меѓутоа и за стабилност на целиот регион. Ние како земја многу јасен пример дека преку активен и отворен дијалог се решаваат сите отворени прашања и дома меѓутоа и со соседите и навистина верувам дека овој регион може многу повеќе и може многу подобро. Стоиме на располагање на сите процеси со искуство и со реална поддршка сѐ со цел да се обезбеди мир и стабилност во регионот кој треба и мора што поскоро да биде дел од ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по завршувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Шпанија.

Тој додаде дека владиниот став во однос останува непроменет и дека како држава имаме конструктивна улога и учество во сите регионални иницијативи, вклучувајќи го и Отворен Балкан и дека министерот Османи својот став за оваа иницијатива ја даде од позиција на потпретседател на политичка партија. Ковачевски појасни дека се додека тие иницијативи носат конкретни придобивки за граѓаните, за државите, за економиите, за бизнисите на земјите кои вклучени во нив.

„Ако нема мир нема да има ниту Отворен Балкан, нема да има ниту Берлински процес, а по слична аналогија ќе треба да се преиспитуваат и други меѓународни организации и иницијативи кои што вклучуваат голем број на земји. Еве пример земјите на ОБСЕ. Ние сме земја која што претседава со ОБСЕ во најтешката година за Европа, во ОБСЕ членуваат и Русија, Белорусија и Украина и во ОБСЕ имаме држава која што има нападнато друга земја членка и можете да замислете каков е предизвикот да се претседава со една таква организација која што на моменти функционира во услови на блокада, па и на парализа и треба многу вештина за да продолжи да делува“, заклучи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен