Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Време е за конечната одлука за нашата иднина, нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија

„Време е за конечната одлука за нашата иднина! Или ќе одиме во ЕУ и ќе нè биде како сите цивилизирани демократски држави. Или ќе ставиме печат на нашата иднина и ќе ги заробиме или уште полошо ќе ги иселиме нашите деца. Затоа ве повикувам да излезете на изборите и да донесете правилна одлука. Вие најдобро знаете кој ќе обезбеди подобра иднина за вас и вашите деца“, порача претседателот на СДСМ од од граѓанскиот митинг во скопско Сопиште.

Тој ги повикува граѓаните на 8-ми мај, да го заокружат бројот 1, и јасно и гласно да им порачаат на сите евроскептици и сејачи на магла и страв дека граѓаните на Македонија сакаат подобра и посветла иднина во Европа.

„Ние ќе работиме ден и ноќ за да изградиме држава со која сите ќе се гордееме. Држава во која ќе се почитуваат европските стандарди и вредности. Држава која до 2030 година ќе стане дел од ЕУ!
Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа!
Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината!“, повика Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен