Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: За успешна лидерска средба сите партии треба да седнат на маса и да нема уцени

Успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе седнат на маса и нема да постои уценување од една политичка партија кон друга, смета премиерот Димитар Ковачевски. За одржување на изборите, Ковачевски посочи дека финалниот збор ќе го кажат партиите, а во однос на техничката влада, не постои консензуално расположение кај партиите за нејзино укинување.

Според Ковачевски, важно е дека Северна Македонија е стабилна држава, држава која сигурно чекори во европските интеграции и затоа заслужува да има редовни избори.

-Очекувам конструктивна лидерска средба во која ќе учествуваат сите политички партии застапени во Парламентот, бидејќи тоа е начинот на кој функционира едно демократско општество, каде што сите кои учествуваат во еден натпревар треба да имаат збор во начинот на кој се организира натпреварот, изјави денеска Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посета на фабриката „АТС АММО“ во Македонски брод.

Тој потсети дека следната година ќе бидат први редовни парламентарни избори во нашата држава по 2006 година. Финалниот збор за датумот на одржување на парламентарните и претседателските избори, како што рече, треба да го кажат партиите, но според календарот најголема можност за такво нешто е во месецот мај.

-Во однос на нивното одржување, финалниот збор ќе го кажат партиите, но и ако погледнете во календарот, месец мај нуди можност за такво нешто. Притоа треба да се почитуваат и верските празници, бидејќи знаете дека април е месец на Рамазан, почеток на мај е Велигден. Треба да биде определен датум кој ќе одговара и на одржување демократски избори но и на чествување на сите празници кои ги имаме, додаде премиерот.

Според Ковачевски, постигнување на договор на средбата значи дека ќе имаме одржување на избори согласно општо прифатлив Изборен законик, во кој што се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР, одржување на избори на датум кој обезбедува и претседателски и парламентарни избори во нивен редовен термин, при што нема да претставува дополнителен трошок или дополнителен напор на граѓаните со оглед на тоа дека и администрација и граѓаните учествуваат во овој најважен процес.

-Во однос на техничка влада веќе диференцираат ставовите. Техничка влада е донесена како резултат на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, таа се донесе во тешки услови за државата. Од она што може да се види во јавноста, не постои консензуално расположение за нејзино укинување сега на краток период пред одржување на изборите, но секако дека постои расположение да биде укината со важност од следните избори. Но, тоа не треба да претставува пречка во однос на одржување на изборите бидејќи претставува уште поголем демократски амбиент, имајки предвид дека на опозицијата и беше понудено да учествува во Владата зраади продолжување на европскиот пат, рече Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен