Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од завршниот митинг вечерва во Центар се обрати и на членовите и функционерите од новоформираната партија ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Ковачевски порача дека тоа се лажни социјалдемократи кои се воделе исклучиво од свои лични интереси.
„Вистинските социјадемократи се на овој плоштад, а не се вистински оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Овие социјалдемократи овде настанале во 1943 година, а оние социјалдемократи кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле ЗНАМ, тие се настанати 2021 година во белата палата на 200 метри од тука“, порача Ковачевски, додавајќи дека СДСМ е голема партија која носела тешки но државотворни одлуки.