Продолжува кавгата меѓу двете крила на Алијансата за Албанците. Првото, на Зиадин Села, вчерашниот конгрес на второто на Арбен Таравари го нарече забава и спектакл за манипулирање со јавноста. Ремзи Мемеди обвини дека Таравари вонредниот конгрес го одржал без делегатите избрани на редовниот конгрес пред две години.
„За да се нарече конгрес вчерашната забава требаше да присуствуваат конгресните делегати избрани на редовниот Конгрес на АА во 2022 година регистрирани во Основниот суд Тетово, чиј мандат по статут трае четири години, односно до 2026 година„, рече Ремзи Мемеди АА, крилото на Села.
Во меѓувреме, адвокатот на АА на Таравари по судското рочиште за тоа на кого ќе и припадне партијата рече дека Судот ќе утврди кој има право и на партијата и на делегатите.
„По нашата денешна елаборација, судијата веднаш ја откажа седницата откако од судската архива ќе бара да се земе предметот на партијата каде е статутот од 2022 година, по што ќе се направи споредба на делегатите и ќе видиме кој ќе биде во право“, изјави Абедин Абдули, адвокат на АА, крилото на Таравари.
За сопственоста на АА, за печатите и просторите мора да одлучи судот.