Кристалина Георгиева номинирана за втор мандат на чело на ММФ

 Актуелната извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, е единствената кандидатка за оваа функција со нов петгодишен мандат, соопшти Управниот одбор.

Бугарската економистка (70) се наоѓа на чело на ММФ од 2019 година и веќе изјави дека е подготвена за уште еден мандат, доколку биде номинирана. 

Сегашниот мандат на Георгиева истекува на крајот на годинава.

Водечката позиција во ММФ традиционално им припаѓа на Европејците, а онаа во Светска банка на Американците.

Георгиева е втората жена на чело на ММФ, по нејзината претходничка Кристин Лагард, која во меѓувреме ја презеде функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ).

ММФ и Светската банка се основани на крајот на Втората светска војна, потсетува агенцијата ДПА.

Треба да знаете
Moже да ве интересира