Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да имаат добри односи

Ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот и во ЕУ

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, вели европратеникот Илхан Ќучук во интервју за „БТВ“.

– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, категоричен е Ќучук дека мора да инсистираат во Северна Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

Ќучук смета дека треба да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје и треба да се најде решение за проблемите.

За случајот со претепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, европратеникот вели дека најверојатно е направено од омраза, според исказите на претепаниот и неговото семејство. Истовремено смета дека односот кон луѓето со бугарство  чувство во Северна македонија е загрижувачко.

М. Д. (ЦивилМедиа)

Најново