Најмалку 70 лица загинаа во болница во јужниот дел на Појасот Газа по израелски воздушен напад во близина на објектот, соопштија Лекари без граници.
Десетици пациенти, вклучително и деца и адолесценти, мораа да бидат лекувани поради „тешки изгореници“ во медицинскиот комплекс Насер, соопшти организацијата доцна синоќа, цитирајќи го својот персонал во болницата.
Како што пренесува ДПА повикувајќи се на Лекари без граници, нападот во градот Кан Јунис се случил на еден километар од болницата. Во болницата веднаш потоа пристигнале вкупно 122 пациенти.
До вчера напладне, болницата соопшти дека починале речиси 50 луѓе.
Израелската армија досега не ги коментираше извештаите.